СО АВТОМОБИЛ          СО АВТОБУС          СО ВЕЛОСИПЕД          ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ          ТУРИ СО ВОДИЧ

ПОСЕТЕТЕ НЕ



Со автомобил

Локалитетот Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Р. Македонија, околу 30 км., североисточно од градот Куманово. За да се стигне од Куманово до Кокино треба да се помине покрај селото Старо Нагоричане и низ селото Драгоманце. После ова село тесен асфалтен пат води кон подножјето на вулканскиот рид познат како Татиќев Камен, на чиј врв се наоѓа локалитетот. Да напоменеме дека работите околу заштитата и презентацијата на локалитетот се сеуште во тек. Паркирањето на возилата, за сега, е покрај патот во подножјето на ридот. Движејќи се по патот од Куманово кон Кокино ќе поминете покрај селото Старо Нагоричане. Ви препорачуваме да застанете тука и да ја посетите црквата Свети Ѓорѓи, во самиот центар на селото. Црквата е позната по своите фрески од 14 век кои спаѓаат во најубавите примери на византиската уметност од тоа време во светот.

  Врати се назад




Со автобус

До Кокино се стигнува и со автобуски превоз, од автобуската станица во Куманово, од каде, кон него, поаѓаат автобуси во 6.45 и 12.45 часот. Враќањето од Кокино кон Куманово е во 8 и 14 часот.

  Врати се назад




Со велосипед

Од Куманово, движејќи се по регионалниот пат Е-871/А2, завртете кон селото Старо Нагоричане. Тука можете да направите пауза, да земете освежување во селото и да ја посетите црквата Свети Ѓорѓи од 14 век. Препорачуваме тука да наполните вода од чешмата позади црквата. Потоа продолжувате на патот во правец на Пелинце, и на третиот километар после Старо Нагоричане вртите десно. Од тука до мегалитската опсерваторија има 14 километри. Патот се движи по угорница со просечен успон од 3.7%, со неколку зарамнети делови. Патот поминува низ неколку села каде што можете да се освежите и да наполните вода. Доколку сакате да кампувате, тоа можете да го направите пред селото Кокино каде што ќе најдете убаво опремен летниковец со место за оган, маси и клупи, како и поток во близина. Вода можете да наполните во селото кое се наоѓа во непосредна близина. Исто така, можете да кампувате и на проширувањето кое се користи за паркинг во непосредна близина на локалитетот.


  Врати се назад




Дополнителни информациии

Разгледувањето на локалитетот трае 1,5 до 2 часа. Искачувањето кон врвот на ридот на кој се наоѓаат светилиштето и опсерваторијата ќе Ви одземе околу 15 минути. На локалитетот постои стражарска служба (од 9 до 17 часот), која ќе Ви помогне во движењето низ него како и околу други технички детали. Кај нив, исто така, можете да набавите брошури, флаери и друг информативен материјал.

  Врати се назад




Тури со водич

Со археоастрономскиот локалитет Кокино управува Н. У. Музеј – Куманово, кој обезбедува стручни водичи за групите кои ќе го најават своето доаѓање. Договорете тура на +389 75 290 936 (телефонот е достапен од 9 до 18 часот, секој ден).

  Врати се назад